Отворање на Парламентарниот институт во Скопје
17.06.2014 / 09:48 | Aktualizováno: 17.06.2014 / 09:50
(This article expired 18.06.2015.)
На 27.5.2014 година во Скопје беше официјално отворен Парламентарниот институт. Новиот реконструиран простор во сутеренот на зградата на Парламентот опфаќаат истражувачки, образовен и информативен центар, библиотека и читална, парламентарен архив, како и комплетно модернизирани простории и опрема.
Проектот го финансираше швајцарската владина агенција за развој и соработка, а за локалните услови беше имплементиран од страна на македонската невладина организација НДИ.
Официјалното отворање и разгледувањето на просториите го водеше Претседателот на Парламентот Трајко Велјановски и државниот советник Златко Атанасов. Швајцарскиот Амбасадор С. Лацарото во своето излагање го истакна значењето на проектот и се заблагодари за соработката на амбасадорите на земјите кои учествуваа во реализацијата на проектот (Република Чешка, Словачка, Франција и САД).
Благодарение на грантот од Република Чешка, се овозможи реализацијата на бројни работни состаноци, посети и школувања и исто така предавање на искуствата на чешките претставници директно во Скопје. При официјалното отворање се повтори помошта од Република Чешка. Се изрази признание на искуствата и кооперативниот пристап на вработените во Парламентарниот институт на Република Чешка, како и помошта во форма на материјално опремување на парламентарната библиотека со квалитетни изданија.
Follow us on