македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Прием по повод државните празници

(This article expired 07.04.2015.)

По повод претстојните државни празници на Република Чешка, Амбасадата на Република Чешка организираше прием во просториите на Националната галерија во Скопје.

Дел од приемот беше и официјалното отворање на заедничката изложба на двајца чешки уметници Јиржи Кованда и Петра Јовановска. Истовремено се предадоа и дипломите и медалите на децата кои беа наградени во овогодинешното издание на меѓународната детска ликовна изложба Лидице.

Настанот се одржа во Чифте Амам – поранешна турска бања, која во денешно време се користи како изложбен простор на Националната галерија на Македонија. На официјалното отворање на заедничката изложба учествуваа и двајцата уметници кои изложуваа. Приемот го отвори со уводниот говор на директорката на Националната галерија Маја Неделковска – Брзанова и Амбасадорот Мирослав Рамеш. Следеше предавање на дипломите и медалите на успешните учесници на меѓународната детска ликовна изложба Лидице, натпревар кој меѓу македонските деца од година во година добива сѐ поголема популарност.

На приемот учествуваа и неколку членови од Владата на Република Македонија, скоро целиот дипломатски кор и бројни уметници, сограѓани и пријатели на Република Чешка.

Галерија


140923_recepce