македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Одбележување на споменот за Роберт Гајдик

(This article expired 01.03.2014.)

На 14.01.2016 година, Амбасадорот на Република Чешка во Македонија г. М. Рамеш заедно со главниот наредник Франтишек Бајер, положија венец на споменикот на Роберт Гајдик, граѓанин на Чехословачка, кој од 1939 година живеел во Македонија, а во 1942 година бил погубен од страна на фашистите.

            Гајдик е роден во 1923 година во Злин, а од својата шеснаесетта година живеел во Скопје (неговиот татко бил вработен во чехословачката хидроелектрана во Матка). За време на средношколските денови се приклонил кон левичарското движење и по окупацијата на Македонија активно учествувал во диверзиите против окупациските сили на Германија, Бугарија и Италија. Во ноември 1941 година бил затворен од Гестапо, но успеал да избега. Потоа, се приклучил во партизанскиот одред „Зенел Хајдини“ кој делувал на територијата на денешно Косово. На почетокот од 1942 година Гајдик бил фатен во престрелка кај Липљане по што бил и јавно погубен.

 

            Роберт Гајдик во Македонија го ужива угледот на народен херој, неговиот споменик го почитува истоименото граѓанско здружение, а по него е наречена и урбаната заедница каде од 1972 година се наоѓа неговиот споменик. Амбасадорот М. Рамеш е историски првиот официјален претставник на Република Чешка, кој учествува во ова одбележување од 2013 година.

 

            На одбележувањето учествуваа членовите на здружението на граѓани, претставници од Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски и поддржувачите и членовите на движењето на антифашистичките војници. Директорката на здружението на граѓани „Роберт Гајдик“, Ружица Андоновска изнесе кратка здравица, а потоа со говор за Роберт Гајдик настапи господинот Атанас Бојановски. Во продолжение ја изнесуваме интегралната верзија на говорот:

 

Почитувани присутни!

 

            Ние, денес, во името на достоинството и почитта, во името на мугрите и светлината на минатото на едно време: на непокор, затвори, пепелишта, бесилки, маршеви, офанзиви, боишта, стоиме пред спомен обележјето на човекот, на борецот, кој како борец имал само 19 години, кога загинал, а што е дел од тоа време – Роберт Гајдик - Славко...

           

            Роден е во 1923 година во Чехословачка.

 

            По извесно време неговите родители се преселуваат во Скопје, а тој останува да живее во Злин, каде работи во фабриката за чевли (Бата).

 

            Во 1938 година, кога Чехословачка е окупирана од Германците, патувајќи повеќе денови со велосипед, доаѓа во Скопје, кај своите родители. Тука го продолжува Средно техничкото училиште и веднаш се вклучува во активностите на прогресивната младина. 1938 година е примен прво како член на СКОЈ, а потоа и за член на КПЈ.

 

            Бил германски државјанин и одлично го познавал германскиот јазик, што му помагало полесно да ги извршува поставените задачи. Во 1941 година, стапува на работа во рудникот Радуша, како главен магационер и ги снабдува партизаните со оружје и експлозивен материјал...

 

            По задача на Месниот комитет во куќата на Серафим Видовски, бил организатор на работилница за изработка на оружје, бомби и др.

 

            Ваквата негова активност била откриена од страна на окупаторската полиција и во ноември 1941 година, е фатен во заседа... Меѓутоа од затворот успеал да побегне и да се префрли во Косово.

 

            Прифаќајќи ја Југославија како своја втора татковина, во почетокот на 1942 година стапува во партизанскиот одред „Зенел Ајдини“ во чиј состав останал до крајот на годината. Поради болест бил повлечен на заднинска работа, каде почнал пак да прави оружје и рачни бомби...

 

            Во првите денови на јануари 1942 година во селото Суви Дол се одржувало пошироко партиско советување на кое се разгледувало прашањето на заведеното албанско население, кое соработувало со италијанскиот окупатор.

 

            А селото Суви Дол, како село со голем број на членови на Партијата, му било трн во око на окупаторот.

 

            Затоа во мугрите на 14 јануари 1942 година, селото било обиколено од над 3.000 окупаторски војници. Сето население било заробено и одведено во Липљане.

 

            Во оваа блокада, Роберт Гајдик и Ацо Марковиќ, како илегалци не сакале без борба да паднат во рацете на окупаторот. Отпочнала нерамноправна борба во која и двајцата биле тешко ранети и фатени живи.

 

            Сред насобраното население ги однеле до некој ѕид, од чиј покрив од мразулците по нивните рани капела ледената вода.

 

            Додека на неколку метри, карши нив се постројувала групата од десеттина фашистички војници со вперени оружја во нив и очекувале команда за стрелба, храбрите борци почнале да извикуваат: „Да живее слободата!...“ сѐ до оној момент кога нивниот извик не бил заглушен и прекинат од екот на рафалите истрелани во нивните тела, кои се струполиле врз белата снежна покривка.

 

            Настанала грозоморна тишина. Се слушал само пискливиот глас на полицајците кои удрила и се заканувале на насобраниот народ!?...

 

            Така, херојски згаснува животот на овој смел син на Антифашистичката борба, кој за навек ќе претставува пример, почит и патоказ за многу инди генерации на нашата земја...

 

            Тука човекот е дел од судбината на народот.

 

            А ние се навраќаме на тие извори, зашто тие се нашата индина за нас и нашата идна генерација!...