македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Завршување на малиот локален проект во Тетово

(This article expired 18.06.2015.)

На 6. јуни 2014 година Амбасадорот Мирослав Рамеш разговараше во Тетово со градоначалничката Теута Арифи. Потоа заедно официјално ја предадоа во употреба реновираната училница за учениците со посебни потреби во државното основно училиште „Лирија“.

Во рамките на малиот локален проект „Ние сме тука“  училницата беше опремена со мебел, компјутерска и друга техника во износ од 280 000 чешки круни (12 000 евра).

Новата опрема ќе помогне во зголемувањето на квалитетот на образовниот процес со техниката, која овозможува образование на повеќе од илјада деца од македонски, албански и ромски семејства.

Се работи за продолжување на успешните хуманитарни проекти од 2012 и 2013 година, благодарение на кои беше реконструирана и опремена специјалната училница за децата со пречки во видот во Гостивар и организирање на информативни семинари за родителите на децата со здравствени тешкотии во руралните региони на западна Македонија. И во овој случај на официјалното отворање на училницата учествуваа и родителите на децата со физички недостаток и активноста благодарение на својата хуманитарна цел наиде на голем интерес на регионалните медиуми.

Галерија


140611_MLP_Tetovo