македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Владини стипендии за академската 2015/2016 година

(This article expired 02.10.2015.)

Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија информира дека Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка одлучи да им се доделат Владини стипендии на студенти од Република Македонија.

  • За академската 2015/2016 година за граѓаните на Република Македонија ќе се доделат 4 стипендии.
  • За студентите од Република македонија стипендиите сее доделуваат само за студирање на чешки јазик.
  • Пред започнувањето на самото студирање, студентите ќе треба успешно да ја завршат подготвителната година за учење на чешкиот јазик.
  • Потоа можат да се пријават за полагање на приемни испити на високите школи во Република Чешка.
  • Можно е аплицирање за додипломски, магистерски и докторски студии.
  • Понудените области за студирање се: земјоделство, транспорт, техничко-економски и хуманистички науки.
  • Подетални информации за стипендиите, кандидатите може да добијат на интернет страниците на Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка: http://www.msmt.cz/international-cooperation-1/government-scholarships-developing-countries
  • Пријавите може да се поднесат само електронски на адресата: http://registr.dzs.cz/registr.nsf
  • Пријавите се поднесуваат најдоцна до 30 септември 2014 година!
  • Кандидатите потоа ќе бидат повикани на разговор во Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Конзуларното одделение на Амбасада на Република Чешка во Скопје е подготвено да даде какви било дополнителни информации на телефонските броеви: 02/3081 102 и 02/3081 200 лок. 33 или 34, секој работен ден од 13:00 до 16:00 часот.