македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Начин на закажување термини за поднесување барање за некои видови визи

Информации за поднесување барање за работничка карта и долготрајна виза заради претприемништво

Владата на Република Чешка од 1.9.2019 заради потребата за обезбедување работна сила на чешкиот пазар за труд и поврзаниот концепт за целна економска миграција се одлучи да воведе квоти за прием на барања за работничка карта и долготрајни визи заради претприемништво со својата Регулатива на Владата бр. 220/2019 Зб. од 26.8.2019 година.

Главнaтa цел на концептот на целна економска миграција е да се зголеми приливот на квалификувана работна сила од избраните земји во Република Чешка.

За Амбасадата на Република Чешка во Скопје беше определена годишна квота од 160 барања за работничка карта (од кои 60 барања во рамки на Програмот високо квалификуван работник) и 12 барања за долготрајни визи заради претприемништво (од кои 4 барања во рамки на Програмот клучен и научен персонал).

Двете наведени квоти не смеат да се надминат, т.е. Амбасадата не смее да прими повеќе барања од бројот определен со Регулативата на Владата и ќе бидат рамномерно разделени на 12 месеци.

Барателите вклучени во проектите одобрени од Владата на Република Чешка (Програмот високо квалификуван работник и Програмот клучен и научен персонал) не се пријавуваат за поднесување барање (тоа за нив ќе го стори работодавецот), туку чекаат да бидат контактирани од страна на Амбасадата.

Барателите ќе можат да закажат термин преку имејл адресата: visa_skopje@mzv.cz на секои два месеци, во кои ќе бидат примани 17 барања за работничка карта и 2 барања за долготрајна виза заради претприемништво. Следните термини ќе бидат објавени на 5. ден од секој непарен месец во 9:00 часот (5.1, 5.3, 5.5, 5.7,5.9 и 5.11).

 

Барателите за термин за поднесување барање за добивање работничка карта мора да наведат: во предметот на пораката: број на пасош, во текстот: причината за барањето, име и презиме на барателот, број на слободно работно место, место на живеење на барателот, телефонски број и контакт имејл на барателот.

 

Барателите за термин за поднесување барање за добивање долготрајна виза заради претприемништво мора да наведат: во предметот на пораката: број на пасош, во текстот: причината за барањето, име и презиме на барателот, број на слободно работно место, место на живеење на барателот, телефонски број и контакт имејл на барателот.

 

Групно или телефонско закажување не е можно.  Барателите ќе бидат известени за термините за поднесување преку имејл. Терминот што барателите нема да го искористат, ќе им пропадне и истиот нема да се префрли во следното закажување.

По исцрпување на двомесечната квота за работничка карта определена  системот за закажување ќе запре, што ќе биде објавено на интернет страницата на Амбасадата во Скопје заедно со следниот термин.

Неспоменатите видови дозволи за престој можат да се поднесуваат како и досега без ограничување. Барателите можат да закажат за нив темрин преку имејл адресата: visa_skopje@mzv.cz. Во предметот на пораката барателите треба да наведат: број на пасош, во текстот: причината за барањето, име и презиме на барателот, број на слободно работно место, место на живеење на барателот, телефонски број и контакт имејл на барателот.

Ги известуваме сите баратели за долготрајна виза и долготраен престој за зголемувањето на конзуларните такси.

Амбасадата на Република Чешка во Скопје согласно член 31 став 3 точка а) од Законот бр. 326/1999 Зб. за престој на странци на територијата на Р. Ч.  бара сите апликанти за долготрајна виза и долготраен престој постари од 18 години , оние баратели што ќе поднесат барање во Амбасадата, заедно со барањето за долготрајна виза/престој да поднесат уверение за неосудуваност издадено од суд на државата чиј барател е државјанин, како и од државите во кои барателот престојувал постојано повеќе од 6 месеци во последните 3 години или доколку ваков документ државата не го издава, да состави изјава дека е неосудуван.“