македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Изменет Визен Кодекс

Изменетиот Визен Кодекс ќе стапи на сила на 2 февруари 2020 година. Некои од измените што се однесуваат на процедурата за поднесување на барања за шенгенска виза накратко ги наведуваме подолу. Тие ќе бидат истовремено обновени и во соодветните членови на Кодексот.
 

  • - направени се мали промени на формуларот за поднесување на шенгенска виза – обновената верзија може да се симне тука:
  • - визната такса се зголемува на 80 евра, додека таксата за деца меѓу 6 – 12 години ќе биде 40 евра.
  • - барањето треба да се поднесе не подоцна од 15 дена пред датумот на патувањето; а доколку барателот сака да ја поднесе подоцна, конзулатот може да го одбие барањето.
  • - барањето за шенгенска виза може да се поднесе преку визни центри, во земјите каде конзулатот ги користи нивните услуги.
  • - периодот за обработка останува 15 дена, но според измените, истиот може да се продолжи до 45 дена (наместо 30 или 60 дена).
  • - ќе се применуваат нови услови за издавање виза со повеќе влеза.
  • - се дефинираат одново олеснувањата за припадниците на семејството на граѓани на ЕУ.

Attachments

angličtina 58 KB DOCX (FILE_TYPE_DOCX) 22.1.2020