македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Долготрајни визи

Листа на документи за поднесување на долготрајна виза според целта на патувањето

ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА:

Потребно е да се докаже достапноста на финансиски средства што го надминуваат минималниот потребен износ што се пресметува на следниот начин:

Петнаесет (15) пати на животниот минимум (што во моментов е 3,310 чешки круни) за првиот месец на престојот И двоен (2) износ од животниот минимум за секој следен месец на престојот.

На пример:

1 семестар - за престој од 1 септември до 28 февруари би чинел (15 * 3,310) + (5 * 2 * 3,310) = 46 950 + 33 100 = 80 050  чешки круни (околу 3 200 евра)

1 година - за престој од 1 септември до 31 август следната гдоина би чинел (15 * 3,310) + (11 * 2 * 3,310) =  46 950 + 68 860 = 115 810 чешки круни (околу 4 650 евра)

1 година за виза заради претприемништво = 156 500 чешки круни (околу 6 300 евра)

 

Странец што не наполнил 18 години доставува износ од половина од наведената сума.

 

А. СПОЈУВАЊЕ СО СЕМЕЈСТВО

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Tри слики на бела позадина (3,5 на 4,5 см, биометриски)
  3. Патна исправа (и фотокопија), патната исправа мора да биде валидна најмалку една година од датумот на поднесувањето
  4. Нотарски заверена копија на извод на венчани (преведен на чешки јазик и заверен на нотар) * доколку се работи за спојување со семејство со сопружник или родители во Република Чешка
  5. Нотарски заверена копија на извод на родени на барателот  (преведен на чешки јазик и заверен на нотар)
  6. Нотарски заверена копија на извод на родени (за дете, преведен на чешки јазик и  заверен на нотар) * доколку се работи за спојување со семејство со дете во Република Чешка
  7. Доколку повикувачот ќе ги надоместува сите трошоци за живеење во Чешка потребно е да се приложи изјава на чешки јазик заверена кај нотар од страна на лицето (Čestné prohlášení o hmotném zabezpečení)
  8. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со нотарски заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)
  9. Извод од катастар од Р. Чешка за изнајмениот стан/куќа.
  10. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Република Северна Македонија (од судот надлежен за местото на живеење на барателот) со судски превод на чешки јазик и заверено на нотар
  11. Фотокопија на пасошот на сопругот/сопругата (или родителот) и фотокопија на визата за престој
  12. Потврда за лицето од Р. Чешка дека работи и извод од плата (výplatní pásky za posledních 3 měsících/platební výměr; potvrzení o výši příjmu, pracovní smlouva/výpis ze živnostenského rejstříku, mzdový výměr, potvrzení o bezdlužnosti)  (оригинал или копија заверена на нотар)
  13. Извод од банка со износ соодветен на информацијата на страницата:Proof of funds for the purposes of a long-term visa - Ministry of the interior of the Czech Republic (mvcr.cz) (преведен на чешки јазик и заверен на нотар доколку се работи за македонска банка) и платежна картичка од банката
  14. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар) и НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Б. СТУДИРАЊЕ

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Tри слики (на бела позадина, биометриски, димензии 3,5 на 4,5 см)
  3. Патна исправа (и фотокопија). Патната исправа мора да биде со минимално траење од 1 година од датумот на апликацијата.
  4. Потврда од факултет / училиште каде ќе студирате дека сте примени на студии  (оригинал или копија заверена на нотар) (на чешки јазик)
  5. Потврда за платена школарина на факултетот каде сте примени (за студентите кои сами си ги плаќаат студиите) (на чешки јазик или доколку потврдата е на друг јазик – со превод на чешки јазик од овластен судски преведувач и заверка на нотар)
  6. За стипендисти: Потврда за добиена стипендија од институцијата која ве стипендира (на чешки јазик или доколку потврдата е на друг јазик – со превод на чешки јазик од овластен судски преведувач и заверка на нотар)
  7. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со потпис на лицето кое изнајмува, заверено на нотар (оригинал или копија заверена на нотар) – или документ кој го потврдува вашето сместување во студентски дом (на чешки јазик)
  8. Извод од катастар од Република Чешка (доколку се работи за стан/куќа)
  9. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Република Северна оригинал и нотаризиран превод на чешки јазик
  10. Извод од банка со износ  соодветен на информацијата на страницата:Proof of funds for the purposes of a long-term visa - Ministry of the interior of the Czech Republic (mvcr.cz) (со превод на чешки јазик заверен на нотар) и банкарска платежна картичка (за студентите кои сами си ги плаќаат студиите)
  11. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар) и НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

В. ПРЕТПРЕМНИШТВО (СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ИЛИ ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ)

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Tри слики на бела позадина, димензии 3,5 на 4,5 см.
  3. Патна исправа (и фотокопија). Патната исправа мора да биде со минимално траење од 1 година од датумот на апликацијата и да има најмалку 2 празни страници.
  4. Регистрација на фирма од Р. Чeшка (оригинал или копија заверена на нотар) (Výpis z obchodního rejstříku nebo Živnostenský list)
  5. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)
  6. Извод од катастар од Р. Чешка
  7. Извод од банка со износ  соодветен на информацијата на страницата:Proof of funds for the purposes of a long-term visa - Ministry of the interior of the Czech Republic (mvcr.cz)за фирмата што ќе се отвори во Р. Чешка (доколку е од македонска банка потребен е превод на изводот на чешки јазик и заверено на нотар) и платежна картичка
  8. Потврда за неосудуваност од Република Северна Македонија со судски превод на чешки јазик и заверена на нотар
  9. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар) и НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Г. СПОРТ

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Tри слики на бела позадина (биометриски, 3,5 на 4,5 см)
  3. Патна исправа (и фотокопија)
  4. Договор со клубот (оригинал или копија заверена на нотар)
  5. Потврда од клубот (оригинал или копија заверена на нотар)
  6. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)
  7. Извод од катастар од Р. Чешка
  8. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Република Северна Македонија со судски превод на чешки јазик и заверено на нотар
  9. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар) и НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Д. МЕДИЦИНСКИ ПРИЧИНИ

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Tри слики на бела позадина (биометриски, 3,5 на 4,5 см)
  3. Патна исправа (и фотокопија)
  4. Потврда за прием во медицинска установа во Р. Чешка (оригинал или копија заверена на нотар)
  5. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)
  6. Извод од катастар од Р. Чешка
  7. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Република Северна Македонија со судски превод на Чешки јазик и заверено на нотар
  8. Извод од банка за покривање на целокупниот третман и престој во Република Чешка
  9. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар) и НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Г. СЕЗОНСКО ВРАБОТУВАЊЕ (ПОДОЛГО ОД 90 ДЕНА)

  1. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!
  2. Дозвола од Биро за вработување на Република Чешка (Úřad práce ČR)
  3. Договор за работа – Pracovní smlouva/ Dohoda o pracovní činnosti (оригинал или копија заверена на нотар) (или барем пред-договор (smlouva o smlouvě budoucí) во кој странките се задолжуваат во определениот период да склучат договор за работа или договор за работна активност. Договор за извршување на работа (Dohoda o provedení práce) не може да се прифати како документ за издавање на работничка карта). Овие документи мораат да содржат одредби од кои произлевгува дека без оглед на опсегот на работа нема да договараат месечна плата пониска од основната вредност на месечната минимална плата во Република Чешка, и неделното работно време ќе биде најмалку 15 часа;
  4. Документ кој ја докажува стручната подготвеност која се бара за соодветната работна позиција – документ за образованието (диплома, документ кој докажува стручна квалификација ако се бара според правните прописи) преведен на чешки јазик и заверен на нотар;
  5. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)
  6. Извод од катастар од Р. Чешка;
  7. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Северна Македонија со судски превод на чешки јазик и заверено на нотар;
  8. СИТЕ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОДНЕСЕНИ ВО ОРИГИНАЛ И ФОТОКОПИЈА И НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Attachments

zov_EN 526 KB PDF (Adobe Acrobat document) 31.8.2010