македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Итно запирање на постапката и примањето барања за виза и престој во Република Чешка

Амбасадата на Република Чешка во Скопје известува дека согласно чл. 5 и 6 од уставниот закон бр. 110/1998 Зб. за безбедност на Република Чешка, Владата на Република Чешка донесе одлука за прифаќање на кризна мерка со која од ден 14.03.2020 година во сите Амбасади на Република Чешка како и визните центри:

 

  • -  Се запира закажувањето за поднесување барање за виза/престои;
     
  • - Се запира приемот на барања за шенгенска виза, долготрајни визи, дозволи за долготраен и траен престој;
     
  • - Се запираат постапките на барањата за шенгенска виза за кои досега не било одлучено; таксата за виза не се враќа, а барањата за виза ќе бидат откажани;
     
  • - Се запира приемот на барање за нова проценка на причините за одбивање на визата (жалба);
     
  • - Наведените мерки се однесуваат и на барањата на припадниците на семејството на граѓаните на ЕУ;
     
  • - Барањата за долготрајна виза или престој се запираат;
  • - Сите постапки за барањата за дозвола за долготраен престој (во било кој стадиум на постапката) од 14.3.2020 година до завршувањето на кризната состојба се запираат врз основа на  Одлуката на Владата Република Чешка бр. 198 од 12.3.2020