македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Отворање на услугите за виза

Од 23 август 2021 година, Амбасадата на Република Чешка во Скопје ќе може да ги прифаќа апликациите на сосема сите видови визи и дозволи за престој само од страна на „вакцинирани лица“ (согласно дефиницијата во Мерките за заштита на Министерството за здравство на Република Чешка). Државјаните на Република Северна Македонија и Косово, кои не се вакцинирани, ќе можат да побараат виза само во случаите ограничени во Мерките за заштита.

Бараме барателите доследно да се придржуваат до хигиенските мерки. При посетата на конзулатот ќе биде потребна дезинфекција на рацете, носење маски и додржување 2 метри дистанца. Ќе биде ограничен бројот на лица што во одреден момент можат да влезат во внатрешните простории на конзулатот.

Министерството за надворешни работи се труди повторно да го овозможи доаѓањето на странците, на кои им е потребна виза за патување во Република Чешка. Истовремено за време на пандемијата која сѐ уште не е завршена, нема да може да им се излезе во пресрет на сите баратели, кои би имале интерес за поднесување на барањето за виза. Амбасадата на Република Чешка во Скопје со додржување на антиепидемиолошките мерки во моментов има капацитетски можности за прием на 20 барања за виза или престои неделно.

Во врска со актуелниот развој на епидемиолошката ситуација барателите нема да бидат пуштени во просториите на Амбасадата, доколку покажуваат клинички симптоми за респираторна болест (висока телесна температура, сува кашлица, губење здив и сл.,) доколку не достават ПЦР тест за определување на присуството на вирусот SARS-COV-2 не постар од 72 часа.

Повеќе информации се достапни на: Protective-Measure-regarding-the-entry-of-persons-on-the-territory-of-the-Czechia-from-11th-September-2021.pdf (mzcr.cz)

Останатите баратели можат да бараат виза исклучиво во ограничен опсег на визи (види Дел III): VISAS: Open/closed consulates, extent of visa services | Ministry of Foreign Affairs of the Czech Republic (mzv.cz)