македонски  english  česky 

понатамошно барање

Работно време и државни празници

Конзуларно Одделение на Амбасада на Република Чешка во Скопје

Адреса:

Периша Савелиќ 3, 1000 Скопје

 Контакт телефони:

00389-2-3081200, 00389-2-3081102 (локал 22 или 23)

Факс:

00389/2/3081100

 

E-mail:

Skopje.Visa@mzv.gov.cz (само за закажување термини за визи)

Skopje.Consulate@mzv.gov.cz
​(за прашања од конзуларен карактер)

Примање на барањата за виза:

 

вторник, четврток:  09:00  - 16:00 поднесување на барања за шенгенски визи (до 90 дена)

понеделник, среда: 09:00 - 16:00 поднесување на барања за долготрајни визи и престој (над 90 дена)

петок: 9:00 – 14:00 – агенда за чешки државјани и матични документи

Термини за виза:

 

 

Барателите кои ќе сакаат да поднесат барање за краткотрајна шенгенска виза, долготрајна виза и долготрајна дозвола за престој во Република Чешка преку Амбасадата на Република Чешка во Скопје мораат однапред да закажат термин за поднесување на барање преку имејл адресата skopje.visa@mzv.gov.cz. Оваа адреса служи само за закажување термини!

За стандардни прашања од конзуларен карактер ве молиме да ја користите адресата skopje.consulate@mzv.gov.cz

Благодариме на разбирањето

Информации по телефон: понеделник – четврток од 13:00 до 15:00 часот.

 

Амбасадите на Република Чешка во странство ги слават чешките државни празници. Во овие денови не работи и Конзуларното одделение. 

За полесна ориентација, се работи за следните датуми: 

Чешки државни празници (неработни денови):

  • 01.01. Ден на возобновувањето на самостојната чешка држава 
  • 08.05. Ден на победата (1945)
  • 05.07. Ден на словенските просветители Кирил и Методиј 
  • 06.07. Ден на запалувањето на мајстор Јан Хус 
  • 28.09. Ден на чешката државност 
  • 28.10. Ден на основањето на самостојаната држава Чехословачка (1918)
  • 17.11. Ден на борбата за слобода и демократија 

Други празници (неработни денови):

  • 01.01. Нова година 
  • Велигден - подвижен празник (се слават Велики Петок и Втор ден Велигден)
  • 01.05. Празник на трудот
  • 24.12. Бадник
  • 25.12. Божиќ
  • 26.12. Втор ден Божиќ