македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Информација

Како резултат на критичната епидемиолошка ситуација согласно Одлуката на Владата бр. 1334 за донесување на кризна мерка од 18 декември 2020 година на целата територија на Република Чешка се воведува ограничување на слободното движење на лицата.

Во Република Чешка може да се патува само во неодложни итни случаи.


Не е можно патување заради туризам или посета на пријатели. Ограничувањето понатаму опфаќа на пр. затворање хотели и сместувачки капацитети (за туристички цели), престој на отворено достапни места, ноќни излегувања и сл.

Ги потсетуваме лицата кои во Република Чешка патуваат заради неодложни итни случаи од земји кои не се на листата земји со низок ризик на зараза со КОВИД-19, дека имаат обврска доследно да се придржуваат до мерките за карантин, кои вклучуваат пополнување на формуларот за пристигнување (тука) пред патувањето и правењето на тест за КОВИД-19 по пристигнувањето во Република Чешка (евентуално веднаш пред пристигнувањето доколку се работи за тест направен во земја членка на ЕУ).