македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Република Чешка доби признание за поддршката на Армијата на РМ

На 16.1.2015, Амбасадорот Мирослав Рамеш во рамки на официјалното завршување на учеството на македонските војници во мисијата ИСАФ од страна на Министерот за одбрана З. Јолевски прими спомен плакета со благодарноста на Минситерството за одбрана на Република Македонија кон Република Чешка: “For the continued support provided to the personnel of the Army of the Republic of Macedonia in NATO-led ISAF mission in Afghanistan”.

 

Спомен плакета добија и претставниците од Франција, Хрватска, Италија, Германија, Норвешка, Грција, Турција, САД и Велика Британија.

Министерот за одбрана Јолевски, во своето излагање меѓу другото потенцираше и дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО останува приоритет на владата и армијата, која ќе продолжи со реализацијата на потребните реформи. Македонија според неговите зборови не е членка на НАТО де јуре, но де факто е заради нејзиниот придонес кон мисијата ИСАФ во која учествувале повеќе од 2700 припадници на АРМ и сегашното приклучување на 38 претставници на АРМ во следната мисија “Resolute Support”.

На присутните, меѓу кои беа сите 151 учесници на последниот македонски контингент во рамки на ИСАФ, исто така им се обратија Началникот на Генералштабот, Г. Котески и во улога на раководител на контактната амбасада на НАТО, турскиот амбасадор Е. Шелендил. Тој, како и амбасадорот на САД, П. Волерс, високо ја оценија професионалноста на припадниците на македонската армија.

Галерија


150116_ISAF plaketa