македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

На 28.10.2015 година беше предадена чешка хуманитарна помош

На 28.10.2015 година на претставниците на македонското Министерство за внатрешни работи во привремениот камп за бегалци Табановце на македонско-српската граница беше предадена пратка за хуманитарна помош од работниците на Службата за спасување од пожари на Република Чешка што содржеше 10 шатори со голем капацитет со комплетна опрема (греалки, душеци на надувување и ќебиња за 150 лица во целосна вредност од 1 040 456 чешки круни (38 407 евра).
 

Договорот за подарок го потпишаа Амбасадорот Мирослав Рамеш и Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков.

Амбасадата ја цени професионалноста на петчлениот тим на Службата за спасување од пожари на Република Чешка што ја води капетан Давид Петжик.

Галерија


Hasiči