Средба на групата „пријателски земји“ со претседателот Ѓорге Иванов
03.11.2015 / 13:25 | Aktualizováno: 04.11.2015 / 14:21
На 29 октомври 2015 година групата на амбасадори и заменици амбасадори на Република Чешка, Хрватска, Австрија, Словачка, Словенија и Шведска, координирана од амбасадорот Мирослав Рамеш беше примена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. За време на средбата дипломатите чии земји долготрајно и конзистентно ја поддржуваат Македонија на нивниот пат кон полноправното зачленување во евроатлантските структури, ја потенцираа потребата забрзано наоѓање решение на внатрешно-политичката криза во рамки на дијалогот меѓу политичките партии.
Follow us on