Средба на групата „пријателски земји“ со претседателот на владата Никола Груевски
03.11.2015 / 13:33 | Aktualizováno: 03.11.2015 / 13:33
На 30 октомври 2015 година групата на амбасадори и заменици амбасадори на Република Чешка, Хрватска, Австрија, Словачка, Словенија и Шведска, координирана со амбасадорот Мирослав Рамеш беше примена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. За време на средбата, дипломатите чии земји долготрајно и конзистентно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат до полноправно членство во евроатлантските структури, ја потенцираа потребата од забрано наоѓање решение на внатрешно-политичката криза во рамки на дијалогот меѓу политичките партии. На средбата учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Поповски.
Follow us on