македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: (@MZV)
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Потпис на договорот за ревитализација на споменикот на Роберт Гајдик

На 26.10.2015 година Амбасадорот Мирослав Рамеш и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски потпишаа договор за подарок, врз основа на кој Министерството за одбрана на Република Чешка ќе ѝ додели на општина Центар 60 илјади чешки круни за поправка на околината, чистење и потполна ревитализација на споменикот на Роберт Гајдик во Скопје.
 

Роберт Гајдик се родил во 1923 година во Злин, а во Скопје живеел од својата шестнаесетгодишна возраст (татко му бил вработен во чехословачката хидроцентрала Матка). За време на средношколските денови се насочил кон левичарското движење, а по окупацијата на Македонија активно учествувал во диверзантските активности против окупационите сили на Германија, Бугарија и Италија.

Во ноември 1941 година Роберт Гајдик бил затворен од Гестапо, но успеал да избега. Потоа се придружил на партизанскиот одред „Зенел Хајдини“ што делувал на територијата на денешно Косово. Во почетокот на 1942 година паднал во стапица во престрелката кај Липјане и јавно погубен.

Роберт Гајдик во Македонија ужива углед на народен херој. Неговиот спомен го почитува истоименото граѓанско здружение, а неговото име го носи и една месна заедница во Скопје, каде од јануари 1977 година стои неговиот споменик.

Галерија


Gajdik_smlouva