македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: (@MZV)
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Официјална посета на Претседателот на Домот на пратеници на Република Чешка Јан Хамачек

Од 3 до 4.12.2015 година Претседателот на Пратеничкиот дом при Парламентот на Република Чешка во Република Македонија Јан Хамачек што го придружуваше делегација составена од претставници на сите политички партии и движења претставени во Парламентот на Република Чешка.

Во рамки на официјалната посета на 4.12 Ј. Хамачек положи венец пред споменикот на паднатите херои на Македонија, зборуваше со претседателот на Парламентот на Република Македонија Трајко Велјаноски, со Претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Никола Груевски и државниот секретар при Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска.

За време на сите средби главното внимание беше посветено на актуелната мигрантска криза, евроатлантската интеграција на Македонија и развојот на билатералните односи со акцент на нивните економски димензии.

Во рамки на заедничката прес конференција со Т. Велјаноски, Ј. Хамачек ја спомена главната причина за реализација на посетата, односно да се оцени досегашниот на билатералните односи и да се потврди интересот за продолжување на овој тренд, да ја потврди поддршката на македонските напори за зачленување во евроатлантските интеграциски групации и поблиску да се запознае со проблематиката на мигрантската криза и да изрази подготвеност за понатамошна помош.

На чешко-македонските односи и особено актуелните сегашни прашања Ј. Хамачек се осврна во својот говор во Парламентот на Република Македонија (види прилог).

По разговорите со парламентарната група на Парламентот на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка во присуство на нејзиниот претседател Петре Шилегов положија венец пред споменикот на чешкиот војник Роберт Гајдик и неофицијално се сретна и со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Посетата на делегацијата на Домот на пратеници при Парламентот на Република Чешка раководена од неговиот претседател Јан Хамачек може без задршка да се означи како значаен чекор во развојот на чешко-македонските односи.

 

Attachments

govor 39 KB DOC (Word document) 11.12.2015