македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Посета на Комисијата за безбедност при Пратеничкиот дом на Парламентот на Република Чешка

На 22 јуни 2016 година во Скопје делегација на Комисијата за безбедност при Пратеничкиот дом на Парламентот на Република Чешка предводена од нејзиниот претседавач инг. Роман Вања дискутираше со Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот на Република Македонија, со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Чешка и со претставници на Министерството за внатрешни работи.

Меѓу главните теми на дискусијата беше миграциската криза и безбедносните аспекти на македонската внатрешно политичка криза. Домаќините ја оценија сестраната помош, што Република Чешка ја дава на нивната земја, а чешката страна ја потенцираше важноста на „цврстиот и храбриот македонски пристап“ во решавањето на мигрантската криза и вети продолжување на поддршката на македонските напори за што е можно побрзо зачленување во Североатлантската алијанса и Европската унија.

Галерија


Bezp_vybor_PSP