македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Официјална посета на министерот за одбрана Мартин Стропницки

Во текот на официјалната посета на Република Македонија, министерот за одбрана на Република Чешка Мартин Стропницки на 12 и 13.10.2016 година во Скопје разговараше со својот македонски колега Зоран Јолевски и со претседателот Ѓорге Иванов, го разгледа центарот за тренинг на пилоти, се запозна со ситуацијата на македонско-грчката граница, каде се сретна со припадниците на V контингент на Полицијата на Република Чешка и го посети центарот за прифаќање мигранти Винојуг кај Гевгелија.
 

Покрај перспективите за соработка на вооружените сили на двете земји за време на разговорите беше потенцирана проблематиката на мигрантската криза, регионалната и глобалната безбедносно-политичка ситуација. Министерот Стропницки меѓу другото потврди и дека Република Чешка потполно ги поддржува евроатлантските аспирации на Република Македонија и дека и понатаму е подготвена сестрано да помага во решавање на случаите на мигрантската криза. Македонските партнери се заблагодарија за политичката, моралната, материјалната и персоналната поддршка што земјата долготрајно ја добива од страна на Република Чешка.

Галерија


MO