македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Средба на амбасадорот со министерот за внатрешни работи

На 7 февруари 2017 Амбасадорот Мирослав Рамеш беше примен од министерот за внатрешни работи на Република Македонија Агим Нухиу.
 

Главната тема на разговор беше сегашната миграциска криза, претстојното заминување на седмиот и доаѓањето на осмиот контингент припадници на Полицијата на Република Чешка што им помагаат на македонските колеги во заштитата на државната граница и подготовката на посетата на чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во Македонија.

Министерот Нухиу високо ја оцени материјалната, персоналната и финансиската помош што Република Чешка досега ја обезбеди за неговата земја во интерес на совладувањето на оваа вонредна ситуација. Амбасадорот го информираше дека дел од посетата на министерот Хованец треба да биде и официјално предавање на следна значајна донација.

Република Чешка досега во Македонија во рамки на 7 контингенти испрати 254 полицајци и целокупната вредност на обезбедената материјална и финансиска помош надмина 860 илјади евра.

Галерија


Nuhiu