македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Чешката Република на Македонија ѝ донираше други повеќе од еден милион евра за справување со миграциската криза

На ден 16.06.2017 амбасадорот Мирослав Рамеш заедно со министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски потпишаа договор за донација за обезбедување на финансиски средства во висина на целосен износ на повеќе од 28 милиони чешки круни, односно повеќе од  1 милион ЕУР, на македонскиот министер за внатрешни работи. Овој износ би требало пред сѐ да се искористи за купување патнички моторни возила за потребите на зајакнување и заштитата на границите на Република Македонија и делумно за набавка на техничка опрема во рамките на проектот кој се спроведува заедно со Канцеларијата на високиот комесар на ОН за бегалци.
 

Во рамките на конференцијата за печат во тек на последователните преговори, на кои  исто така, присуствуваа претставници на 10-тиот контингент на полицијата на Република Чешка, заедно со нивниот командант полковникот Јан Штафа, министерот Спасовски ѝ се заблагодарил на чешката влада за долгогорочната политичка, финансиска, материјална и персонална поддршка, обезбедени за неговата земја за совладување на последиците од миграциската криза, и актуелниот "уште еден исклучително значаен придонес", кои значително ќе го зајакне капацитетот на македонската полиција. При тоа детално ги наброи преку финасиска форма помошта и бројноста и високиот професионализам на припадниците на Полицијата на Република Чешка, кои им помогаат на нивните македонски колеги во чувањето на јужната граница.

 

Галерија


MV