македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Средба на амбасадорот Мирослав Томан со претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, за време
на куртоазната средба со амбасадорот Мирослав Томан, на ден 08.11.2017 година,
ја оцени човечката и материјалната помош што ја обезбеди Чешката Република
за Република Македонија за справување со мигрантската криза, поддршката
за евроатланските аспирации на неговата земја и придонесот за формирање
на парламентарен институт и изрази подготвеност да се заложи за успешна соработка помеѓу законодавните тела.

Резулатот од октомвриските локални избори Талкан Џафери го разбира како дополнителна потврда на легитимноста и моќта на парламентарното мнозинство
и поддршката на граѓаните за неопходните реформи, кои битребало на коалицијата, заедно со поконструктивниот став на опозицијата, да овозможат да се надминат некои препреки на патот кон интеграција во евроатланските структури.