македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: Josef Brož
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Посета на две комисии на Сенатот на Парламентот на Република Чешка

Од 16 – 18 април 2018 Република Македонија ја посетија претставници од Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност при Сенатот предводени од претседателот Франтишек Бублан и од Комисијата за европски прашања на Сенатот предводени од претседателот Вацлав Хампл, а делегацијата ја водеше заменик претседателот на Сенатот Јиржи Шестак.
 

Во рамки на многу интензивната програма, сенаторите разговараа со партнерските комисии на македонскиот парламент (Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешни работи), со заменик претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, со заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров; со чешките претставници во раководството на Делегацијата на Европската унија, потоа со групата за соработка со чешкиот парламент, на чие чело е пратеничката Јагода Шахпаска, имаа прием кај заменик претседателот на парламентот Фросина Ташевска Ременски и имаа прилика да се запознаат и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Последниот ден од посетата беше посветен на средбата со градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, запознавање со ситуацијата на македонско-грчката граница, посетата на Прифатниот центар за мигранти Винојуг и со претставниците на 17. контингент на Полицијата на Република Чешка.

Сите македонски претставници го потенцираа одличното ниво и безпроблематичност на билатералните односи, изразуваа благодарност за долготрајната, отворената и конзистентната поддршка што на најразлични нивоа ја доделува Република Чешка во интерес на исполнувањето на македонската стратешка цел, т.е. најбрза можна интеграција во евроатлантските структури, и за материјалната, финансиската и помошта во персонал при совладувањето на случаите на мигрантската криза. Беше високо оценета професионалноста на чешките полицајци, кои од февруари 2016 помагаат во обезбедувањето на македонско-грчката граница. Од страна на чешките сенатори сите партнери добија уверување за продолжување на трајната и консензуалната поддршка на македонските надворешно-политички стратешки амбиции, при што беше истакнато дека Република Чешка го гледа влезот на земјите од Западен Балкан во евроатлантските структури пред сѐ како нивно засилување и обезбедување на безбедноста и стабилноста на цела Европа.