македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Амбасадорот Мирослав Томан во посета на Битола

На ден 4.2.2019 амбасадорот Мирослав Томан ја посети Битола. При посетата се сретна со градоначалничката на Битола, ректорот на битолскиот Универзитет, претседателот на регионалната стопанска комора и на крај ја отвори изложбата Карло IV- владетел на четири престоли”.
 

На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, амбасадорот М.Томан разговараше за можностите за соработка во културната, економската и развојната област. Тема на разговор со ректорот Сашо Коруноски беше сстудентската мобилност и можностите за соработка во академската сфера. Во текот на средбата со раководството и членовите на регионалната стопанската комора, беа презентирани активностите кои ги планира амбасадата на полето на економската дипломатија и од страна на амбасадорорт, присутните добија покана да дојдат на чешко-македонскиот бизнис форум, кој ќе се реализира во април 2019 во Скопје. По состанокот следеше посета на локална фирма која е застапник на тракторите Зетор и е во споственост на петседателот на регионалната стопанска комора, Мирко Велковски. Кон крајот на посетата на Битола, амбасадорорт во битолскиот музеј свечено ја отвори изложбата “Карло IV- владетел на четири престоли”.

VV a starostka

VV a starostka

 

VV+rektor

VV+rektor