македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: neznámý
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Посета на првиот заменик-премиер и министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, во Скопје

На 8 -10 април 2019 година, Јам Хамачек, прв заменик премиер и министер за внатрешни работи, ја посети Република Северна Македонија. Покрај тоа, претседателот на полицијата г. Јан Швејдар и генералниот директор на Службата за спасување на пожари г. Драгослав Риба беа дел од делегацијата која го придружуваше г. Хамачек.

 

Како дел од преговорите со својот колега, заменик-премиерот и министер за внатрешни работи на Северна Македонија, г. Оливер Спасовски, министерот Хамачек потпиша донаторски договор за четвртата финансиска донација од 25 милиони круни (вкупно 100 милиони круни). Покрај тоа, министерот, исто така, присуствуваше на состанокот со премиерот на Северна Македонија, г. Зоран Заев како и на  дебата со пратениците во собранието. Потоа го посети граничниот премин Гевгелија, каде што се сретна со чешката полиција, која им помага на своите колеги од Северна Македонија за заштита на границата со Грција. Претседателот на полицијата и главниот извршен директор на Службата за спасување пожари се сретнаа со нивните македонски колеги.