македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Средба на амбасадорот Мирослав Томан со министерката без ресор Зорица Апостолска

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на 20 ноември 2019 година оствари работна средба со амбасадорот  на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.
 

На средбата се разговараше за економските односи помеѓу двете земји, за условите за инвестирање во Северна Македонија и нивно претставување пред чешката бизнис заедница.

Зборувајќи за инвестицскиот амбиен во земјава и Законот за финансиска поддшрка на инвестициите од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека просторот за економска соработка помеѓу двете земји не е исцрпен, можностите за нејзино продлабочување постојат од аспект на стимулативната инвестициска клима која може да биде атрактивна за чешки компании да реалзиираат инвестициски проекти во Северна Македонија.

„Унапредување на трговските односи, кои во првите девет месеци од годинава бележат раст од 9,3% споредено со истиот период од 2018 година, зборува за позитивната економската доверба која постои помеѓу двете земји и исто време може да биде позитивен сигнал за чешките компании Северна Македонија да ја препознаат како своја инвестициска дестинација“, рече министеркта Апостолска.

Од страна на амбасадорот Томан беше истакнато дека од нивната страна активно се работи на приближување  на стопанските заедници и градење на што повеќе деловни релации помеѓу чешките и македонските компании, притоа изразувајќи уверување дека Северна Македонија има многу што да понуди во делот на индустријата поврзана со железничкиот транспорт, текстилот и земјоделието.

Заеднички беше оценето дека одличните политички односи помеѓу двете земји, од перпсектива на поддршката која Републка Северна Македонија ја добива од Република Чешка во евро-атлансктие интеграции, создаваат цврста основа за понатамошна надградба на економските и иневстициските односи.