македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: MVR RSM
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Амбасадорот Мирослав Томан го информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за враќањето на чешките полицајци во Северна Македонија

На 18 јуни 2020 година, амбасадорот Мирослав Томан имаше средба со министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Наќе Чулев.

За време на средбата, амбасадорот Мирослав Томан официјално го информираше министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Наќе Чулев  за враќањето на чешките полицајци во Северна Македонија, исто како пред коронавирусната криза, тие ќе им помогаат на своите македонски колеги да ја чуваат јужната граница на земјата. Полицискиот контингент од 40 полицајци ќе започне со работа на 20 јуни 2020 година.