17.10.2017 Раководителот на ДКП на Р. Чешка Скопје, Мирослав Томан му ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Македонија
25.10.2017 / 12:14 | Aktualizováno: 30.11.2020 / 12:36
Раководителот на дипломатското претставништво во Скопје, инж. Мирослав Томан, ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со тоа ја презема официјалната функција на вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Чешка во Македонија.
Во рамки на официјалната церемонија и својот краток говор, амбасадорот Томан ги констатираше одличните заемни односи и соработка на двете земји, за чиј натамошен развој планира и понатаму да се труди, побара поддршка од претседателот во оваа област и ги пренесе личните поздрави на чешкиот претседател Земан. На крај му посака успех и среќа на претседателот, на неговата земја и народ.
Претседателот Ѓорге Иванов во неговиот одговор му посака срдечно добредојде на амбасадорот Томан во Македонија и му посака успех во извршувањето на неговата функција, ги истакна пријателските односи на двете земји и особено ѝ се заблагодари на Чешка за трајната поддршка на напорите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО. Ја потенцираше и пофали чешката помош и поддршка при решавањето на мигрантската криза. На крај побара да му ги пренесе неговите срдечни поздрави на претседателот Земан, кого го смета за пријател и со кој воспоставил исклучителна и продуктивна соработка.
Заедно со Раководителот на дипломатското претставништво на предавањето на акредитивните писма учествуваа и неговата сопруга Радка Томанова, заменик амбасадорот Јосеф Брож и конзулот Јан Коуржил.
Follow us on