македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: SK
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Состанок на Амбасадорот М. Томан со Министерката за одбрана Р. Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на средбата за запознавање со Амбасадорот Мирослав Томан на 6.11.2017 година изрази благодарност за „постојаната и конзистентна поддршка“ што ѝ ја обезбедува Република Чешка на Македонија во интерес на реализацијата на нејзините стратешки цели, т.е. членство во НАТО и ЕУ.

Големата поддршка на СДСМ за време на октомвриските локални избори, според Министерката е одраз на интересот на граѓаните по скоро три години внатрешнополитичка криза да живеат стабилно и просперитетно и повторно да се насочат кон евроатлантската заедница.

Партнерите се согласија за широките можности за развој на соработката во воената област.