македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: vlada.mk
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Нови чешки инвестиции во ИТ секторот

На 20 јануари 2021 година, амбасадорот на Чешка, Н.Е. Мирослав Томан заедно со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев на прес-конференција ги истакнаа придобивките од новите чешки инвестиции во ИТ секторот во Северна Македонија.
 

Групацијата „АРИКОМА“ е дел од чешката групација „ККЦГ“, основана од Карел Комарек. „ККЦГ“ е приватна мултинационална финансиска и инвестициска групација основана во 1995 година со филијали во Швајцарија, Чешка, Велика Британија и САД со вкупна вредност од седум милијарди евра, приход од пет милијарди евра и 6.000 вработени во 22 земји.

Инвестицијата ја поздрави амбасадорот Мирослав Томан, кој исто така ја истакна важноста на индивидуалните инвеститори за развој на трговијата и севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Амбасадорот укажа на постојаната поддршка на Чешка и потенцијалот за продлабочување на економската соработка во повеќе области.

Премиерот Заев исто така ја поздрави оваа инвестиција како основа за понатамошен раст на успешните македонски компании со цел зголемување на вработеноста, развој на ИТ-професионалци и поттик за понатамошен раст на секторот, што значително придонесува за економскиот развој на земјата. Тој исто така ги повика чешките компании да аплицираат за тендерите, кои ги објавува Северна Македонија.

vv+zaev

vv+zaev

zaev

zaev