Проштална средба на амбасадорот Мирослав Томан
15.12.2021 / 20:37 | Aktualizováno: 15.12.2021 / 20:43
Вчера, 14 декември 2021 година, амбасадорот Мирослав Томан се поздрави со останатите амбасадори на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија. На прошталната средба присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и евроамбасадорот Дејвид Гир. Присутните претставници на македонската Влада му се заблагодарија на чешкиот амбасадор Мирослав Томан за неговата посветеност во развојот на билатералните односи, промоцијата на европските вредности и за помагањето во решавањето на пандемијата и нејзините последици.
Follow us on