Летни школи за словенски студии 2015
12.01.2015 / 15:36 | Aktualizováno: 12.01.2015 / 15:54
Амбасадата на Република Чешка информира за одржувањето на Летните школи за словенски студии за 2015 година. Летните школи за словенски студии (ЛШСС) се наменети за стручњаци од областа на славистиката и бохемистиката, за постдипломски и додипломски студенти од овие области, за преведувачите и останатите заинтересирани лица за чешкиот јазик, книжевност, историја и култура. Летните школи за словенски студии овозможуваат приказ на сегашните бохемистички и славистички истражувања, особено за чешкиот јазик, историјата на книжевноста и чешката историја. Практичните јазични курсеви, стручните семинари и предавања ќе ги држат членовите на наставниот кадар на Карловиот Универзитет и вработените во Академијата за науки на Република Чешка.
За заинтересираните од Република Македонија, Министерството за образование на Република Чешка нуди стипендии за четири места - две во Плзењ и две во Брно. Информации може да се најдат на интернет страниците на Масариковиот Универзитет во Брно и на интернет страниците на Западночешкиот Универзитет во Плзењ. Подолу Ви испраќаме контакт информации за поедините универзитети.
Понатаму, студирање на чешки јазик нуди и Универзитетот Палацки во Оломоуц. За ова студирање не се однесуваат стипендиите на Министерството за образование на Република Чешка и наменето е само за самофинансирање.
Според договорот на сила меѓу Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка и Министерството за образование и наука на Република Македонија за соработка во областа на образованието, само кандидатите предложени од партнерската договорна страна (Министерство за образование и наука на Република Македонија) имаат право на стипендија. Заради тоа, кандидатите треба да ги испраќаат формуларите само во Министерството за образование и наука на Република Македонија!
Follow us on