македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Летна школа за словенски студии во Оломоуц

Амбасадата во Скопје информира за можности за студирање во Република Чешка. Од 18 јули до 15 август 2015 година ќе се одржи Летната школа за словенски студии во Оломоуц.
 

На заинтересираните, летната школа им ги нуди сите нивоа на знаење на чешкиот јазик и изучување на чешкиот јазик и други словенски јазици за сите возрасни категории. За студентите на Летната школа исто така е подготвена придружна културна програма која опфаќа театарска работилница, вежби по народни игри, промоција на творештвото од чешката кинематографија и викенд екскурзии во историски интересните и туристички атрактивните места на Моравија и Чехија.