македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Чешкиот виолончелист Бледар Зајми повторно во Македонија.

Веќе по втор пат на македонската публика ѝ се претстави врвниот чешки виолончелист со албанско потекло Бледар Зајми. Тој отсвири два концерти во рамки на рециталот заедно со албанската пијанистка Етрита Ибрахими најпрвин на 17 март во Тетово, а потоа на 18 март во Културно-информативниот центар во Скопје.

Во временски напорната балканска турнеја (Република Чешка, Германија, Албанија, Македонија и Косово) чија цел беше пропагација на чешката музика и нејзините автори, им овозможи вредни искуства и на студентите на тетовскиот конзерваториум и ги сподели своите впечатоци и понатамошните планови и во интервју за Македонското радио и телевизија. Во програмата на концертот се слушнаа композициите на Лудвиг ван Бетовен, Леош Јаначек, Антонин Дворжак, Рамадан Соколи, Едвард Григ и Бохуслав Мартину. Извонредното ниво на изведбата на уметниците и презентацијата на комплицирани композиции на великаните на чешката и светската музика (не може, а да не се спомене виртуозната интепретација на композицијата на Б. Мартину „Варијација на словачката песна“) ја воодушевија македонската публика и повторно предизвика големо јавно прифаќање.

Галерија


150317_Bledar Zajmi Etrita Ibrahimi