македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

ХVI Зимски салон со изразени чешки траги

На 5 февруари 2016 година во историските простории на Националната галерија Чифте Амам се одржа отворањето на ХVI издание на биеналето „Зимски салон“ што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) што оваа година ја одбележува 70-годишнината од своето основање.
 

На бројните гости им се обрати претседателот на ДЛУМ Христијан Санев, директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Република Чешка во Македонија Мирослав Рамеш, кој меѓу другото ја спомена и претстојната 25-годишнина од отпочнувањето на Вишеградската соработка.

 

Темата „Нивоа на нашата свест“ ја избра чешката кураторка Хелена Фенцлова, која од повеќе од 70 уметнички дела на македонски автори избра 47, а главната награда, двомесечен творечки престој во Париз што се финансира од средства на македонското министерство за култури, ѝ го предаде на Катерина Таневска за делото „Меѓу две црвени линии“.

 

Во категоријата „гости“ беа изложени дела на уметници од Србија, Хрватска, Словачка и Република Чешка. Чешка беше застапена со Јан Гемрот (масло на платно „Романтичар“), Мартин Коцоурек („Срце“ и „Мал шлем“ од метал) и Јан Самец (пастел на платно „Зелени спомени“).

 

Изложбата беше прифатена со неверојатен интерес на јавноста и медиумите, на отворањето учествуваа околу 150 годсти заедно со претставниците на дипломатскиот кор. Се работи за уште еден успешен културен проект на ДКП и ДЛУМ.

 

Изложбата ќе биде отворена минимално до 19.2.2016 година.

Галерија


Zimni salon 2016