македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Летна археоботаничка школа Прилеп 2016

На 23 септември 2016 година Амбасадорот Мирослав Рамеш ги прими чешките и македонските учесници  на Летната археоботаничка школа Прилеп 2016, кои за време на претходните две недели под водство на искусни педагози и предавачи од Природнонаучниот факултет при Јужночешкиот универзитет во Ческе Будјејовице и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се стекнаа со теоретски и практични знаења од археолошките испитувања на неолитетот во Пелагонија.
 

Главната задача на посетителите на школата беше сепарација на археоботаничкиот материјал од неолитското наоѓалиште Врбјанска Чука што е најстарото и најдобро зачуваното седиште на културата Породин. Добиениот ботанички материјал студентите ќе го проценуваат во змиските месеци во Лабораторијата по археоботаника и палеоекологија на Природнонаучниот факултет и во заеднички семинар со Институтот за археологија при Филозофскиот факултет на Јужночешкиот универзитет.

Галерија


archeolog