
Доделување на стипендии за студирање во Република Чешка
11.06.2018 / 14:36 | Aktualizováno: 11.06.2018 / 14:49
На 5 јуни 2018 година, во просториите на амбасадата, амбасадорот Мирослав Томан ја додели одлуката за доделување стипендиите од Министерството за образование, млади и спорт на следниве студенти:
Марија Бошкова – студии на факултет за архитектура,
Теодор Делов – студии на факултет за информатика
Околу 40 пријавени кандидати заинтересирани за студирање во Република Чешка, како и во претходните години, избрани се 4 кандидати за студирање на чешки јазик. Прво една година ќе завршат настава по чешки јазик во центарот за јазична подготовка на Карловиот Универзитет во Подебради, а потоа ќе мора да положат приемен испит на избраниот универзитет.
Секој ќе добие стипендија во износ од 14.000 чешки круни месечно за време на нивните студии во Чешката Република. Министерството за образование, млади и спорт за секоја учебна година за нивно образование ќе потроши вкупно 560.000 чешки круни.
Follow us on