македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Изложба „Чехословачка државност“ во Музејот на мекедонската борба за слобода

На 29 октомври 2018 година, официјално беше отворена изложбата "Чехословачка државност", како дел од прославата на 100-годишнината од основањето на Чехословачка. На настанот присуствуваа околу 60 Чеси и пријатели на Чешката Република.
 

Изложбата "Чехословачка државност 1918" ги сумира основните факти за околностите и текот на основањето на Чехословачка, ги претставува главните протагонисти - ТГМ, Е. Бенеш и М.Р. Штефаник и ја објаснува важната улога на чехословачките легии. Изложбата го приближува таканаречениот период на Првата република (1918-1938), економијата во тоа време, културата и надврешната политика. Последниот панел од изложбата „Што Чесите и Словаците му дадоа на светот“ претставува  избор на најзначителните чешки откритија, личности или пак културни феномени.