македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Изложба на подарени слики од Чехословачка во Музејот на модерна уметност

На 30.10.2018 во рамки на прославата, 100 годишнина од основање на Чехословачка беше отворена изложбата ”Подарени дела од Чехословачка“. На отворањето на церемонијата, беше присутен и Асад Адеми, Министер за култура на Република Македонија.
 

Подготовката на изложбата беше финансиски поддржана од Амбасадата на Чешката Република, Чешкиот центар во Софија и Амбасадата на Република Словачка.


Изложбата ја сочинуваат избор на збирка од 265 уметнички дела од 92 чехословачки уметника. Делата се подарок како гест на солидарност по катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје во 1963 година. Меѓу изложените експонати има и дела на Емил Фила, Јан Зрзави, Адолф Хофмајстер, Рудолф Кривос или Честмир Кафка. Изложбата ќе може да се посети во Музејот на современа уметност во Скопје до крајот на декември 2018 година.