македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Награда „Сузана Рот“ -повик за учество 2019

Чешките центри (ЧЦ) и Чешкиот книжевен центар (ЧКЦ) при Моравската библиотека во Брно го објавуваат петтото издание на Меѓународниот преведувачки конкурс за наградата „Сузана Рот“, наменет за странски преведувачи од чешки јазик, почетници, кои не се постари од 40 години. Се избира најдобар преведен текст од прозно дело на современ чешки автор.

Цел на конкурсот е континуирана поддршка на млади странски преведувачи и бохемисти до 40 години, како и поддршка и ширење на чешка литература во странство.

Земји со право на учество

Оваа година конкурс со посредништво на локални чешки центри и институции кои се официјални претставници на Чешка, ќе биде објавен во следниве земји: Белорусија, Бугарија, Франција, Италија, Јапонија, Република Кореја, Литванија, Унгарија, Македонија, Поласка, Австрија, Украина и Велика Британија.

Текст за превод

Овогодинешната комисија чии членови се номинирани од ЧЦ и ЧКЦ ја одбра книгата на Ана Цима Се будам во Шибуја (издавачка куќа Пасека 2018). Текст кој треба да се преведе, поглавјата 16-19 од третиот дел на книгата (стр.83-95), со опсег од околу 12 стандардни страници.

 

Награда

Неколкудневна посета на Република Чешка, во чии рамки е предвидено активно учество на професионален семинар со придружна програма.

Услови за учество

  1. Учесникот на конкурсот (понатаму само “учесник“) мора да е државјанин или резидент со долготраен престој во земјите каде има чешки центар или амбасада, коишто конкурсот го објавуваат во форма на јавен повик со посредништво на комисиската порота.
  2. На конкурсот може да се пријави било кој од земјите кои се горенаведени и е помлад од 40 години, кој има познавање на чешкиот јазик доволно добро за да може самостојно да го преведе зададениот текст кој е предмет на конкурсот. Исто така учесникот не смее да има издадено или објавено превод на чешки јазик или било каков друг текст во книжевна форма, со исклучок на публикации во часописи или пократок текст (до 40 стандардни страни) во збирки, антологии и сл.
  3. Учесникот не смее да е победник на истиов конкурс од претходните години.
  4. Учесникот на овогодинешниот конкурс може да се пријави само еднаш, односно само во една земја од горенаведените и доколку ги исполнува условите наведени во точка 1.

 

Учество на конкурс

Учесниците од Македонија преведниот текст, дел од книгата Се будам во Шибија од Ана Цима (трет дел, полгавја 16-19, 83-95 стр.) го испраќаат во електронска форма на следнава адреса: kuzmova@czech.cz и тоа до 31.3.2019

Учесникот заедно со преводот, во електронаска форма треба да испрати и биографија за своето професионално остварување, која не треба да е подолга од 1000 карактери (вклучувајќи и празни места) напишана на чешки јазик, актуелна фотографија со наведен автор на фотографијата и со квалитет за печатење и изјава за авторството на преводот односно изјава од преведувачот дека преводот е негов личен труд.

Се горенаведено учесникот треба да испрати најдоцна до 31.3.2019 на адреса: kuzmova@czech.cz

Со самото испраќање на горенаведените документи, податоци и фотографија, учесникот на конкурсот се согласува со нивно обработување за потребите на конкурсот и со нивно користење за цели споени со медијализација и објавување (на страните на чешки центар, чешки литературен центар или амбасадите или со посрединштво на релевантни редакции) во случај на победа во рамки на земјата од која се пријавил на конкурсот.

 

Термини

Најдоцна преводот да се испрати до: 31.3.2019

Објавување на резултати: 15.5.2019

Престој на наградените преведувачи во Чешка: лето/есен 2019

 

Повеќе информации на:   Cena Susanny Roth 2019 – výzva