македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Оддавање почит на споменикот на Роберт Гајдик

На ден 14.1.2019 амбасадорот Мирослав Томан положи цвеќе на споменикот на чехословачкиот граѓанин Роберт Гајдик, кој во тек на Втората светска војна се приклучил на антифашистичкиот отпор и бил егзекутиран  во 1942 година.
 

На церемонијата присуствуваа и претставник од аташето за одбрана, полковник Томаш Даниел, членови на локалното здружение Роберт Гајдик и претставници од општината вклучувајќи го и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Роберт Гајдик во Македонија има статус на народен херој, во негов спомен има и истоимено граѓанско здружение а исто така во негова чест е именуван еден дел од Скопје каде од 1977 година е поставен негов споменик.

Роберт Гајдик е роден во Злин, во 1923 и од својата шеснаесета година живее во Скопје (неговиот татко бил вработен во чехословачлата хидроелектрана на кањонот Матка). По окупацијата на Македонија активно учествувал во диверзантски акции противокупаторските сили на Германија, Бугарија и Италија. Во ноември 1942 бил уапсен од гестапо но успеал да избега. Потоа се приклучил кон партизанскиот оддел Зенел Хајдини, кој делувал на денешно Косово. На почетокот на 1942 Гајдик бил заробен при една престрелка јак Липљан, а потоа бил и јавно погубен.