македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Денови на чешката култура и Дипломатскиот добротворен базар

Од 28 мај до 2 јуни ќе се одржат Денови на чешката култура во Скопје. Настаните се организирани и поддржани од амбасадата на Република Чешка во Скопје во соработка со Чешкиот центар во Софија.
 

Деновите на чешката култура ќе започнат со највкусните традиционални чешки гастрономски задоволства во комбинација со чешкото пиво а истите ќе бидат организирани во соработка со ресторан „Пелистер“ во периодот од 28.5.19 до 2.6.19.

Со цел да ја раскажеме приказната за чешкиот стрип кој моментално поминува низ својата „златна доба“ и неговиот тек по 100 години независност на Чешка (или Чехословачка), како нераздвоен дел од чешкиот културен пејзаж ќе биде организирана изложба на чешкиот стрип на 29.5.19 во 18 часот во ЕУ Инфо центар. Во 19 часот по отварање на изложбата во ЕУ Инфо центар ќе биде прикажан филмот „Доста се четири убиства, срцка“ (Four Murders Are Enough, Darling) во кој што анимираните сцени се дело на чешкиот уметник на стрипот или „кралот на чешкиот стрип“ Каја Саудек.

Vladivojna La Chia чешка пејачка, текстописец, композитор и уметник. Концертот на Vladivojna La Chia е организиран во клубот Woodstock на ден 31.5.19 и секако во истиот клуб ќе може да се вкусат голем избор на чешки пива.

Оваа година чешкиот амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан, амбасада на Република Чешка во Скопје има почесно претседателство на Дипломатскиот добротворен базар кој ќе се одржи на ден 1.6.19 во 11:00 во ГТЦ. Целта на овој добротворен базар е да се соберат финансиски средства и да им се дадат на оние луѓе на кои им се најпотребни, односно децата. Оваа година ќе учествуваат повеќе од 20 амбасади и почесни конзулати. Средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели исто како и средствата од слики на децата кои цртаа под надзор на уметникот Бурхан Ахмети. Најдобрите сликани дела од децата и од уметникот Бурхан Ахмети исто така ќе се продаваат на Дипломатскиот добротворен концерт во Македонската филхармонија. Ова го организира нашата амбасада во соработка со невладината организација АДИ. На Дипломатски добротворен базар ќе биде надополнет со музиката на чешката пејачка Vladivojna La Chia и за најмалите ќе има проекција на чешкиот анимиран филм за деца „Збиднувањата на мравката Ферди“.

poster bazar (PDF, 3 MB)

poster koncert (DOCX, 14 KB)

program (PDF, 3 MB)

pozvánka na bazar (PNG, 273 KB)

pozvánka na koncert (PNG, 412 KB)