македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: L. Pšenka
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Денови на чешката култура и Дипломатскиот добротворен базар

Денови на чешката култура се одржаа од 28.5.19 до 2.6.19.
 

Чешките специјалитети можевме да ги пробаме во ресторанот „Пелистер“ каде што се точеше чешко пиво. Благодарение на чешките готвачи, кои што ги подготвуваа чешките специјалитети на традиционален начин уживамве во разновидноста на вкусови и мириси.

На 29.5.19 во ЕУ Инфо Центар имаше изложба на чешкиот стрип „100 години на чешкиот стрип“. При оваа пригода имаше проекција на филмот „Доволни се четири убиства, срцка“ во кој анимираните сцени се дело на чешкиот уметник на стрипот Каја Саудек. Изложбата ја посети министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и поранечниот министер за култура Роберт Алаѓозовски сега национален координатор за развој на културата и меѓуминистерска соработка во владата на премиерот Зоран Заев.

Во клубот „Воодсток“, Скопје имавме можност да уживаме во концертот на чешката композиторка, пејачка, тектописец и ликовен уметник Владивојна Ла Чиа. Изведбата не беше само дива и уникатна за чешката музика, туку и не помалку авангардна сценска презентација на пејачката Владивојна Ла Чиа.

Оваа година амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан беше почесен претседател на Дипломатскиот добротворен базар кој што се одржа на ден 1.6.2019 во 11 часот во ГТЦ. Имавме прилика уште еднаш да ја слушнеме чешката пејачката Владивојна Ла Чиа која што имаше мал концерт на Дипломатскиот добротворен базар а за најмалите организиравме проекција на чешкиот цртан филм „Збиднувањата на мравката Ферди“. Целта на овој Дипломатски добротворен базар беше да се соберат средства за Дневниот центар на децата со церебрална парализа. Исто така се одржа работилница за деца под раководвсто на ументникот Бурхан Ахмети организирана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје во соработна со невладината организација АДИ. Најдобрите слики насликата од децата и на сликарот Бурхан Ахмети се продаваа на Дипломатскиот добротворен концерт кој што се одржа вечерта во Македонска Филхармонија. Дипломатскиот добротворен базар беше многу посетен и посетителите имаат можност да ги пробаат традиционалните чешки слатки задоволства лазењске оплатки, чешките Фидорки, различни видови на чешкото пиво и специјално подготвениот чешки гулаш. Амбасадата на Република Чешка во Скопје пресмета дека заработи над 57 000,- мкд и сите парични средства ќе бидат донирани во Дневниот центар на децата со церебрална парализа. Освен паричните средства Н.Е. Мирослав Томан, амбасадорот подари едно уметничко дело за новите простории на Дневниот центар на децата со церебрална парализа.

Dny české kultury

Dny české kultury

Dny české kultury

Dny české kultury

 

Dny české kultury

Dny české kultury