македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

ЧЕШКА ВЕЧЕР НА „МАКЕДОКС’’ ФЕСТИВАЛ НА КРЕАТИВНОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

На 27 август 2019 во рамки на македонскиот фестивал на креативниот документарен филм „МакеДокс’’ се одржа ,,Чешка вечер’’. Настанот беше поддржан од Амбасадата на Република Чешка во Скопје и од Чешкиот културен центар во Софија.
 

На македонскиот фестивал на креативниот документарен филм „МакеДокс’’ беа прикажани два чешки документарни филма и исто така присуствуваа тројца гости од Република Чешка меѓу кои – режисерот Томаш Елшик, претставник на Чешкиот филмски центар Витеслав Хованец и Ондржеј Каменицки од Институтот за документарен филм, кој што исто така беше дел од жирито на „МакеДокс’’.

Преполната сала аплаудираше на интимниот портрет на светски познатиот чешки режисер Милош Форман во филмот ,,Форман наспроти Форман“ режија Хелена Тржештикова и Јакуб Хејна. Позитивен голем одзив имаше приказната за главната и најголемата автобуска станица во Тел Авив и светот во филмот ,,Главна автобуска станица“ што лично го претстави режисерот Томаш Елшик и по проекцијата одговори на сите прашања од публиката.

režisér T. Elšík

režisér T. Elšík

Publikum MakeDox

Publikum MakeDox