македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: MK RSM
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Средба на амбасадорот Мирослав Томан со министерот за култура Хусни Исмаили

На 14 октомври 2019 амбасадорот Мирослав Томан се сретна со министерот за култура Хусни Исмаили.

Глаавна тема на средбата беше благодарноста упатена до Министерството за култура на Република Северна Македонија во соработка со Македонскиот народен театар за подготовка на театарската претстава ,,Аудиенција“ од Вацлав Хавел, која што ќе биде на репертоарот на Македонскиот народен театар во чест на прославата на 30-годишнината од „Кадифената револуција“ во тогашна Чехословачка. Премиерната изведба ќе биде на 6 ноември 2019 а првата реприза ќе биде на 8 ноември 2019 на големата сцена во МНТ. На средбата исто така се зборуваше за продлабочување на соработката во областа на културата и за презентирање на чешката култура низ Република Северна Македонија.