Учество на амбасадата на Република Чешка во Скопје на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
08.11.2019 / 12:27 | Aktualizováno: 08.11.2019 / 12:32
На 14 октомври 2019 се одржа четвртиот по ред меѓународен филмски фестивал “Богоридичен покров”, кој е насочен кон ширење на духовни и хуманитарни вредности. Исто како и во минатото, фестивалот беше поддржан од страна на амбасадата на Република Чешка во Скопје.
За време на свеченото отворање свој говор имаше и амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Мирослав Томан. На фестивалот беа прикажани филмовите „Червена“ од режисерката Олга Сомерова и ,,Моето столетие“ од режисерката Теодора Ремундова. Фестивалот беше финансиски поддржан од страна на амбасадата на република Чешка во Скопје.
Follow us on