Учество на амбасадата на Република Чешка во Скопје на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
25.09.2020 / 13:49 | Aktualizováno: 25.09.2020 / 13:55
На 21 септември 2020 година се одржа петтиот по ред меѓународен филмски фестивал “Богоридичен покров”, кој е насочен кон ширење на духовни и хуманитарни вредности. Исто како и во минатото, фестивалот беше поддржан од страна на амбасадата на Република Чешка во Скопје. На фестивалот беа прикажани филмовите „Јан Амос Коменски“ од режисерот Максимилијан Петржик и ,,Свети Вацлав и заштитата на чешката земја“ од режисерите Отокаро Мариа Шмидт и Јана Кристина Студничкова.
Follow us on