Оддавање почит на споменикот на Роберт Гајдик
14.01.2021 / 16:22 | Aktualizováno: 14.01.2021 / 16:30
На ден 14.1.2021 амбасадорот Мирослав Томан положи цвеќе на споменикот на Чехословачкиот граѓанин Роберт Гајдик, кој во текот на Втората светска војна се приклучил на антифашистичкиот отпор и бил егзекутиран во 1942 година.
На церемонијата присуствуваа и претставници од Амбасадата на Република Чешка во Белград аташеи за воени прашања, полковник Милан Сандании и водник Мирослав Били, членови на локалното здружение „Роберт Гајдик“ и претставници од Општина Центар вклучувајќи го и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Роберт Гајдик во Македонија има статус на народен херој, каде од 1977 година е поставен негов споменик и има истоимено граѓанско здружение.
Follow us on