Чешкиот гудачки квартет „Вихан“ на фестивалот „Охридско лето“
10.08.2021 / 11:32 | Aktualizováno: 10.08.2021 / 11:39
На 5 август 2021 година, во Охрид се одржа исклучителен културен настан. Како дел од 61-годишнина на фестивалот „Охридско лето“ чешкиот гудачки квартет „Вихан“ (Леош Чепицки и Јан Шулмајстер на виолина, Јакуб Чепицки на виола и Михал Кањка на виолончело) кои имаат светска репутација изведоа композиции од Беджих Сметана, Антонин Дворжак и Богуслав Мартину.
Оваа традиционална вечер се оддржа во соработка и со поддршка на Амбасадата на Република Чешка во Скопје, а честа да ја отвори и да ги најави уметниците од висок ранг ја имаше чешкиот амбасадор, Мирослав Томан.
Follow us on